Пиреја: Отворено писмо од хоспитализираниот другар Јанис Михаилидис кој е на штрајк со глад од 17 ноември

atinaГи пушувам овие редови бидејќу сум длабоко воодушевен од распространетоста и разноликоста на солидарните активности на другарите и дргарките надвор од затворски ѕидови.

Не само поради тоа што размерите, фантазијата, организацијата -координацијата, упорноста и агресивноста на случувањата до сега ги надминаа сите мои очекувања, не само поради тоа што знам дека се окупирани значајни државни и капиталистички згради, радио и телевизиски станици, дека во сите поголеми градови на оваа територија се организирани собирања и демонстрации, дека се случуваат напади над силите на репресија како и различни видови на бутновнички напади. Туку зато што пишувањето ја разбива самотијата на мојава ќелија и ме прави да се смеам, зато што во вторникот вечерта не бев затворен, бев со вас и ја чувствував топлината на запалените барикади.

Затоа што без разлика на исходот, самото постоење на овај фронт на борба е победа сама по себе, како по прашањето на моменталните персепктиви, така и по наследството кое ќе го остави.

Знам многу добро дека помеѓу илијадниците на другари и другарки вклучени  во оваа борба која ја иницираше Нико, со многу грижи но и голема одлучност, постојат значајни разлики во сваќањата и практицирањето, како и во однос на нас. Меѓутоа, напредокот цвета преку различноста. Впрочем во тоа лежи и смислата на анархистичката солидарност; не поврзува без да не прави идентични, обединува без да хомогенизира. И секогаш кога се работи за солидарност насочена кон акција, функционира.

Сега кога медиумите за масовно замајување тврдат дека што повеќе трае штрајкот со глад толку поголема е опасноста по националната безбедност, сваќам дека ниту една борба не е залудна, а празините кои останаа од скршените мисли за безнадежноста – предизвикани од безактивноста во гушечките услови на затвореништвото – повторно се обоени со боите на смислата; секое време е добро за бунт!

Нашите соништа ќе станат нивни кошмари.

Борбената анархија се разбуди и урла.

Ништо не е готово, сега се почнува.

СОЛИДАРНОСТ СО ОНИЕ КОИ СЕ УПАСЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА СУДИРИТЕ ВО ВТОРНИКОТ

До Нико:
Брату, биди силен, до сега поприлично ја раздрма нивната гозба. Ти не се откажуваш, ама тие ќе се откажат. Со тебе сум до конечна победа.

До Атанасиј (Министерот за правда):
Многу сум гладен. Ако го убиеш Нико, твојот грклан ќе биде единствената доволно добра храна за мене.

Јанис Михаилидис

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *