Tag Archives: Егзархија

Атина: Нов сквот на улица Темистоклеус бр. 58 во Егзархија

Вечерта на 10 Јануари, 2016 година ја окупиравме празната зграда на улица Темистоклус бр. 58 во Егзархија, Атина. Нашата намера е да се отвори место каде што мигрантите, кои поради Европските миграциони политики, се блокирани овде во Грција, ќе можат да живеат и да се самоогранизраат слободно без државна контрола. Ние сме група на индивидуалци/ки од различни места и со различен политички контекст, поврзани во борбата проотив државите, нациите, границите, логорите, затворите, капитализмот; против секој дел на овај трул систем на доминација кој не угнетува. Ние сме отворени кон секој/а кој/а се согласува со нашите основни принципи и сака да учествува во овај проект без скриена политичка агенда.

Овај сквот нема да биде јавна служба. Ние не сме „волонтери“ и ние не ги гледаме мигрантите како жртви. Еден од предизвиците на овај прокет ќе биде практично надминување на поделбата наметната од границите и државјанството. Оваа куќа се стреми да стане место каде луѓето ќе се самоорганизраат и ќе учат заедно еден/а од друг/а, без разлика на нивното потекло.

Ова е акт против системот и миграционите политики. Нашата намера не е да ја помагаме хуманитарната помош обезбедена од државата. Интегрираната и/или асимилираната, не-критичка хуманитарна помош, всушност и помага на државата да се фокусира на репресивните мерки со цел кривично да ја гони и контролира миграцијата. Ние цврсто одбиваме соработка, не само со државата и политичките партии, туку исто така со сите невладини огранизации (НВО сектор) и сите други организации и формации кои соработуваат со нив (официјално или неофицијално). Сите овие ништожници ја користат моменталната ситуацијата со мигрантите со цел да профитираат економски, да ги заштитат нивните интереси, да добијат политичка моќ, или да изградат некаков општествен углед.

Контролирањето на миграцијата е алатка во рацете на моќниците. Моментално грчката држава ја користи ситуацијата со мигрантите заглавени тука, за да направи притисок за време на преговорите за подобри услови кои ќе обезбедат имплементирање на третиот меморандум. Во исто време, европските држави го регулираат протокот на мигранти во согласност со нивната потреба за евтина работна сила, а остатокот од мигрантите се убивани (на копнените и водените граници и по улиците на европските градови), затворани или депортирани. Европската Заедница ги надградува своите репресивни гранични политики и преговара и прави договори со државите, во и надвор од еврпоските граници, за да ја продолжи и интензивира војната против миграцијата со поефикасни начини и средства. Моќниците се надеваат да ги обезбедат нивните имоти и привилегии од сите оние кои се експлоатирани од капиталистичкиот систем и неговите војни. Приватните и државните корпорации се обидуваат да извлечат што е можно повеќе профит од моменталната ситуација. НВО секторот ги застапува интересите на нивните работодавачи и финансиери, во главно државата, и се добро платени за нивната работа.

Поради правото на приватна сопственот луѓето спијат на улица додека илијадници куќи стојат празни. Има доволно добра и простор за сите. Ние само треба самите да посегнеме и го земеме тоа што ни треба.

Ја прогласуваме нашата солидарност и поддршка за сите форми на акција кои ги напаѓаат гранците, нациите, затворите, инфрастуктурата која ги репродуцира, и сите оние кои дирекно или индиркено го бранат сатусто кво!

Без расизам

Без сексизам

Без хомофобија

Без дискриминација

Без експлоатација

Без угнетување

Без хиерархија

Без авторитети

Без патриотизам

НЕ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ:
Новинар(к)и/медиуми
Политичар(к)и
Полиција
Сите огранизации кои соработуваат со државата.

ДОБРЕДОЈДЕНИ се луѓето кои сакаат да се самоорганизираат, без разлика дали имаат документи или не, без разлика дали имаат статус на бегалци или не. Приоритет за сместување им е даден на оние кои немаат можности да престојуваат на друго место.

на италијански, португалски, англиски, грчки, германски јазик

Повикуваме на солидарност за поддршка на сквотот надвор од објектот. Наскоро ќе објавиме датум и време за административно собраните на прокетот.