Tag Archives: затвор

Атина: Анархисти и анархистки го окупираа културниот центар Мелина

На транспарентот пишува: „Владеењето на законот убива. Солидарност со Никос Романос и останатите другари кои се на штрајк со глад.“

Денес, 6 декември 2014, го окупиравме градскиот Културен центар „Мелина“ во Атина, кој се наоѓа на раскрсница на улицата Ираклидон и Тесалоники во атинската населба Тисио.

Окупацијата претставува чин на солидарност со моменталната борба на друкарот Никос Романос, 6 години по убиството на Алексис Григоропулос.

Нашата цел е продолжување и ескалација на полиморфните анархистички акции. Ја поддржуваме секоја инцијатива која придонесува за интензификација на социјалната борба.

Победа во борбата на штрајкувачите со глад, Никос Романос, Јанис Михаилидис, Андреас-Димитрис Бурзукос и Димитрис Политиси.

Му испраќаме сила на другарот Гу.Су од Месолонги, затворен во затворот Ајос Стефаност во Патра, кој исто така е на штрајк со глад од 3 декември 2014.

Поддршка за борбата на бегалците од Сирија.

Стисната тупаница за борците по затворите во Грција, кои одбиваат да влезат во ќелиите, апстинираат од затворската храна и кои стапија во симболичен штрај со глад, во знак на солидарност со анархистот Никос Романос.

ОГАН ЗА ДРЖАВНИТЕ ГРАНИЦИ – ОГАН ЗА ЗАТВОРИТЕ!
НЕ ЗАБОРАВАМЕ – НЕ ПРОСТУВАМЕ!

П.С: Се гледаме по улиците, на барикадите и во окупираните згради.

Брисел: Огнен напад во знак на солидарност со затворениот анархист Никос Романос

Во вторникот, 2 декември, 2014, запаливме 3 автомбили кои припаѓаат на членови од Европскиот парламент. Нападот се случи во близина на улицата „Генерал Латриг“ во Брисел.

Оваа акција претставува офанизвен чин на солидарност со анархистот Романос кој моментално штрајкува со глад.

Солидарност со анархистичките и револуционерните затвореници во Грција и секаде.

Солидарност со борбата на другарките и другарите во Чиле.