Во екот на анти-владините протести во Македонија против диктатурата на Груевски станува се појасно дека најголемото зло не е полицијата туку државата. Државата и оние кои што ја водат и управуваат не се ништо повеќе од крвопијачи/ки жедни за власт и богатство, чиј двигател е алчноста и суетата. Патриотизмот и национализмот се ништо повеќе од начини за манипулирање и ширењере омраза. Полицијата е алатка на државата, која е искористена и испратена кон сите што се спротиставуваат. Пред 1 недела група од специјални полицајци во 23 часот упадна во библиотека за да апси и тепа студенти. Во моментот има 8 приведели лица од кои 2 студенти Луѓето треба да сватат дека паѓањето на сегашната власт нема да донесе “мед и млеко”, дека капитализмот и државата ќе продолжат да угнетуваат и носат мизерија и страдања, дека “спасителите” не се ни ЕУ ни НАТО, ниту САД ни Русија.
Tag Archives: солидарност
Пиреја: Отворено писмо од хоспитализираниот другар Јанис Михаилидис кој е на штрајк со глад од 17 ноември
Ги пушувам овие редови бидејќу сум длабоко воодушевен од распространетоста и разноликоста на солидарните активности на другарите и дргарките надвор од затворски ѕидови.
Не само поради тоа што размерите, фантазијата, организацијата -координацијата, упорноста и агресивноста на случувањата до сега ги надминаа сите мои очекувања, не само поради тоа што знам дека се окупирани значајни државни и капиталистички згради, радио и телевизиски станици, дека во сите поголеми градови на оваа територија се организирани собирања и демонстрации, дека се случуваат напади над силите на репресија како и различни видови на бутновнички напади. Туку зато што пишувањето ја разбива самотијата на мојава ќелија и ме прави да се смеам, зато што во вторникот вечерта не бев затворен, бев со вас и ја чувствував топлината на запалените барикади.
Затоа што без разлика на исходот, самото постоење на овај фронт на борба е победа сама по себе, како по прашањето на моменталните персепктиви, така и по наследството кое ќе го остави.
Знам многу добро дека помеѓу илијадниците на другари и другарки вклучени во оваа борба која ја иницираше Нико, со многу грижи но и голема одлучност, постојат значајни разлики во сваќањата и практицирањето, како и во однос на нас. Меѓутоа, напредокот цвета преку различноста. Впрочем во тоа лежи и смислата на анархистичката солидарност; не поврзува без да не прави идентични, обединува без да хомогенизира. И секогаш кога се работи за солидарност насочена кон акција, функционира.
Сега кога медиумите за масовно замајување тврдат дека што повеќе трае штрајкот со глад толку поголема е опасноста по националната безбедност, сваќам дека ниту една борба не е залудна, а празините кои останаа од скршените мисли за безнадежноста – предизвикани од безактивноста во гушечките услови на затвореништвото – повторно се обоени со боите на смислата; секое време е добро за бунт!
Нашите соништа ќе станат нивни кошмари.
Борбената анархија се разбуди и урла.
Ништо не е готово, сега се почнува.
СОЛИДАРНОСТ СО ОНИЕ КОИ СЕ УПАСЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА СУДИРИТЕ ВО ВТОРНИКОТ
До Нико:
Брату, биди силен, до сега поприлично ја раздрма нивната гозба. Ти не се откажуваш, ама тие ќе се откажат. Со тебе сум до конечна победа.
До Атанасиј (Министерот за правда):
Многу сум гладен. Ако го убиеш Нико, твојот грклан ќе биде единствената доволно добра храна за мене.