Марсеј, Франција: Солидарност со затворените транс луѓе

Во солидарност со транс заробениците/чките низ целиот свет, на 23 јануари, во 14:00 ч во Le Kiosque [Марсеј] е организиран ден на солидарност со филсмки проекции, работилница за пишување на писма и вегански грцики!

22-ри Јануари е интернационален ден на солидарност со затворените транс луѓе. Овај ден беше инциран од Мариус Мансон (Marius Mason), веган и транс, затворен 22 години во САД, на кого му беше изречена една од најдолгите затворски казни за активист на така наречената „Зелената закана“ (Green Scare).

На сите ни е познато дека затворот го уништува телото и душата, сакајќи да го скрши револтот и да ги угуши инцијативите, писмата и акциите на затворениците/чките. Транс затврениците/чките двојно повеќе страдаат од затворската казна и трпат двојно поголем физички и емоционален стрест од вистискиот кафез. Историски, борбата против затворите и притворот секгаш вклучувала транс луѓе, како борба водена од транс затвреници/чки и нивините поддржувачи/ки.

Како и сите луѓе кои живеат во страв, несигурност и се борат за опстанок, многу е веројатно дека транс луѓето ќе бидат уапсени само поради начинот на кој што се борат за да преживеат и опстанат. Многу често, затворениците/чките се заборавени, додека огромното монозинство на транс жени сеуште се затвораат во машки затвори, и скоро сите, секојденевно, без исклучок, се подложени на насилство, силување и понижување поради нивниот транс идентитет.

Притворањето/затворањето постои за да не заплаши, како обид да не спречи да се бориме. Нашиот најдобар одговор е да продолжиме со нашата борба, да покажеме солидарност и да продолжиме да се бориме против сите форми на затвори и опресија!

Се гледаме 23 Јануари, во Le Kiosque (38 rue Clovis Hugues) во 14:00!

Против сите форми на затвори!

Солидарност со затворените транс луѓе!

Слобода за сите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *